Green Art Incubator стартуваше со серијалот Climate Late Night, во кој ќе ги претставува уметниците од целиот свет кои делуваат во областа на животната средина и истакнатите еко активисти. Првиот гостин во серијалот беше режисерот и активист Josh Fox. Тој на публиката и е познат по наградуваниот документарен филм Gasland, номиниран за Оскар и добитник на престижната Emmy награда. Неговиот активизам е меѓу останатото насочен кон подигање на свеста за опасноста од хидрауличкото фрактурирање, а препознат е и во САД и ширум светот. Покрај филмот Gasland, тој е автор и на фиилмовите How To Let Go of the World And Love All the Things Climate Can’t Change и Awake: A Dream from Standing Rock .
Во првата епизода од серијалот Climate Late Night, тој зборувал за кризата на довербата во науката, како проблем со кој климатската заедница е оптоварена веќе со децении, мотивацијата за занимавање со заштитата на животната средина и разорното влијание на климатските промени на природата и здравјето, како и важните лекции и искуства кои ги стекнал низ различните полиња на уметничкото и активистичко дејствување. Зборувал и за снимањето на документарниот филм Gasland.