Насловна / Вести / „Грдосии на вода“: Трка на копното, за превласт на море

„Грдосии на вода“: Трка на копното, за превласт на море

Во светот годишно пловат над 150 милиони контејнери, во кои е спакувана 60% од вредноста на светската трговија. Најголемиот превозник потенува од малата Данска, додека источна Азија преднничи по бројот на најголеми светски пристаништа. Сите балкански пристаништа во овој вид на светска трговија учествуваат со 1%. Оживувањето на протекционизмот во светската трговија во последните години ги успори стапките на раст, а рецесијата предизвикана со пандемијата е сериозна закана. Покрај тоа, поморците ги погодува и Директивата на Меѓународната поморска организација (IMO2020) со која се бараат дополнителни вложувања за намалување на емисиите на сулфурни оксиди за 85%. Сосема е извесно дека без оглед колку долго ќе трае кризата, таа нема да ги погоди сите подеднакво и дека позициите на учесниците на пазарот ќе се менуваат а пазарот се повеќе ќе го карактеризираат и нетрадиционални лидерства. Под налетот на прилагодливите компании кои понекогаш доаѓаат од земји кои воопшто немаат море, избледува моќта на некогашните перјаници на трговската морнарица. Притоа, не станува збор само за натпревар меѓу компаниите, туку и меѓу пловилата, бродоградилиштата, пристаништата, а секако и пловните рути.

shiping1

Најголем превозник на светот е Maersk, со 711 бродови со носивост од 4,1 милиони TEU (Twenty-Foot Equivalent Unit) и годишни приходи од 41,3 милијарди УСД, остварени со 84.000 вработени. Компанијата е основана во 1904 година, доминантен сопственик е истоименото семејство, и претставува најголема и највлијателна корпорација во Данска. Следува кинески Cosco со 461 брод и капацитет од 2,8 милиони TEU. Растот на прометот го следи и развојот на нови бродови со поголема носивост. Иако во овој сегмент е очигледна јужнокорејската доминација,  барем што се однесува до изградбата на најголеми пловила, слични капацитети имаат и Јапонија, Кина и други земји, вклучувајќи го и бродоградилиштето Fincantieri, во Трст кое е најголемото во Европа.

shiping2

Во источна Азија се наоѓаат 15 од 20-те најголеми светски пристаништа, наспроти три во Европа и едно во САД. Шангај е деловен и финансиски центар на Кина, но и најголемо пристаниште на светот кое надминува 42 милиони TEU. По него е Сингапур со 36,6 милиони TEU.  Ротердам е традиционално најголемо пристаниште во Европс со 13,6 милиони TEU. Што се однесува до нашето опкружување, Трст има промет од 725 илјади TEU, Риека и Солун имаат помалку од 300 илјади, а Драч 66 илјади TEU.

shiping3

shiping4

Испрати коментар

Scroll To Top