После повеќе од една деценија отпор на плановите за продажба, Грција ги врати атинскиот – EYDAP и солунскиот водовод и канализација EYATH под директна државна контрола. Исполнувајќи го предизборното ветување, владата повторно воспостави целосна контрола над мнозинските удели на овие претпријатија во двата најголеми града во земјата. Со тој потег е означена победа на синдикалците и организациите за заштита на човековото право за пристап до вода, кои се бореа да ја спречат приватизацијата на овие компании.
Откако Грција западна во должничка криза, владата во договор со меѓународните кредитори, тргна да планира делумна или целосна продажба на овие две комунални фирми. Но, Државниот совет, највисокиот управен суд во земјата, веќе во 204 година ја прогласи постапката за приватизација за противуставна. Во 2016 година, Грција го основа т.н Superfund, а официјално национален фонд за раст (Growthfund – The National Fund of Greece). Оттогаш, тој ги контролира компаниите и уделите на компаниите во јавна сопственост, вклучувајќи ги и EYDAP (61,3%) и EYATH (74%). Инаку, двете фирми котираат ан Атинската берза. Veolia има 5,5% од солунското EYATH. Меѓу останатото, активистите во мај 2014 година се избориле за референдум, на кој против приватизацијата се изјасниле 98% од изјаснетите граѓани.
Што се однесува до остатокот од југоисточна Европа, треба да се истакне дека граѓаните на Словенија на референдум во јули 2021 година одлучија да го поништат Законот за води. Оваа земја правото на вода го вклучи во својот устав во 2016 година.