Насловна / Вести / Грција се придружува на Artemis, за истражување на вселената под водство на САД

Грција се придружува на Artemis, за истражување на вселената под водство на САД

Грција стана 35-тата земја која ја потпиша спогодбата Artemis, програма за истражување на вселената која ја предводат САД, а која вклучува воспоставување на постојана база на Месечината. Американскиот државен секретар Блинкен и грчкиот министер за надворешни работи Герапетритис, присуствувале на церемонијата на потпишување на спогодбата во Вашингтон.

artemis1

Базирана врз Спогодбата за вселената од 1967 година, Artemis е познат како мултилатерална, необврзувачка декларација за принципите и правилата за унапредување на одговорно истражување на вселената. Меѓу принципите на спогодбата се регистрација на вселенски објекти, спречување на судир ан интереси, размена на научни податоци и пружање на итна помош. САД предвидува воспоставување на постојана базна станица на Месечината и нејзино користење како станица за мисиите на Марс и вадење на вредни минерали, се во склоп на спогодбата.

artemis2

Потписнички на оваа спогодба се следните држави: Ангола, Аргентина, Австралија, Бахреин, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Колумбија, Чешка, Еквадор, Франција, Германија, Грција, Исланд, Индија, Изреал, Италија, Јапонија, Луксембург, Мексико, Холандија, Нов Зеланд, Нигерија, Полска, Јужна Кореа, Романија, Руанда, Саудиска Арабија, Сингапур, Шпанија, Обединети Арапски Емирати, Украина, Велика Британија и САД.

 

Испрати коментар

Scroll To Top