Насловна / Вести / Грција: Поисплатливо е да се вложува во енергетски задгруги, отколку да се чуваат парите во банка

Грција: Поисплатливо е да се вложува во енергетски задгруги, отколку да се чуваат парите во банка

„Референтните каматни стапки се многу ниски, па чувањето пари во банка е неисплатливо“, велат од енергетските задруги или заедници ширум Европа, кои стартуваат проекти за изградба на мали соларни електрани и им даваат множност на граѓаните да остварат добивка за мали вложувања и со низок ризик. Hyperion, првата ваква задруга во Атина, ќе им исплаќа на своите кредитори годишна камата од 6%. Оваа група е формирана пред помалку од една година, а веќе има спроведено успешна краудфандинг кампања и собрала 400.000 евра. Нејзините триесетина членови собрале 20.000 евра за проектот.

hyperion1

hyperion2

Целокупниот вишок приходи, Hyperion ќе го намени за снабдување на сирмашните домаќинства со бесплатна енергија и за едукација на јавноста за ваквите активности. Имаат амбиции за следен поголем проект, во кои ќе учествуваат и општинските власти. Постои мжност и за изградба на агросоларна електрана. Другата цел на Hyperion е проширување во областа на енергетската ефикасност, дистрибуцијата и складиштењето на енергија. Организацијата држи обуки за своите членови за работа во овој сектор и за партиципативно донесување одлуки. Членовите имаат право да се повлечат од проектот и во рок од три месеци да ги вратат вложените средства. Hyperion истакнува дека сака да се занимава со борба против „енергетската сиромаштија“, за да прикаже нов модел на сопственост и да придонесе во премин кон нова општествена парадигма.

hyperion3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top