Грција и понудила нa Србија да учествува во изградбата, и да биде сопственик на удел во идниот терминал за Течен Нафтен Гас (ТНГ), кој треба да се гради во грчкото пристаниште Александрополис, на оддалеченост од 14,5 километри од делтата на реката Марица, 30 километри од границата со Турција и околу 300 километри од Солун. Се наведува дека на Србија и се нуди сопственост на 20% од терминалот, колку што би имале и DEPA (грчката компанија за гас) и БЕХ (Бугарски енергетски холдинг), додека остатокот би го имале приватни компании.
Во таков случај Србија би можела да смета на одредени европски грантови, бидејќи овој проект е во согласност со заклучоците на Европскиот проект за заеднички интереси (PCI – EC Regulation 347/2013). Равојот на овој значаен инфраструктурен проект, претходно веќе е усогласен со Грција и Бугарија како членки на ЕУ, со што би се овозможило намалување на зависноста на европските земји од природниот гас. Предвидено е капацитетот на терминалот да биде 170.000 метри кубни, односно годишен капацитет од 6,1 милијарди метри кубни. Од овој терминал гасовод оди до грчкиот град Комотини, од каде пак постојат линии до Стара Загора, Димитровград, потоа до Ниш, каде Србија би изградила свој терминал. Според плановите на ЕУ, овој проект треба да биде завршен до крајот на 2019, известува „Пословни дневник“.