Juwi Hellas, грчката подружница на германската компанија Juwi, планира во декември 2019 година, да започне изградба на соларна електрична централа во Кожани со инсталирана моќност од 204 MW. Соларниот парк Кожани ќе биде најголемиот соларен фотоволтаичен проект во Југоисточна Европа. Локацијата на проектот е во северна Грција, на околу 15 километри оддалеченост од градот Кожани. Во декември 2019, Juwi ќе започне со изградба на електраната на површина од над 400 хектари. Согласно планот, соларната централа ќе биде поврзана на мрежа до април 2021 година. Се очекува да произведува над 300 милиони kWh електрична енергијa годишно.
Компанијата Juwi е активна во Грција повеќе од десет години и има изградено над 50 енергетски постројки со вкупна инсталирана моќност од над 100MW.