Грција ќе изгради дополнителни центри за бегалци заради големата пренаселеност во сегашните, јави австриската телевизија ORF.
Според владини извори, новите планирани центри ќе бидат со капацитет за илјада лица. Паралелно со тоа, грчките власти побрзо ќе ги обработуваат молбите за азил.
Властите во Атина соопштуваат дека во моментот на пет грчки острови има повеќе од 10,7 илјади бегалци.