Грчките власти наредната недела ќе распишат тендер за приватизација на автопатот Игнација, јави грчката државна новинска агенција АНА-МПА, повикувајќи се на извори од грчкиот Фонд за развој. Тендерот за приватизација е една од точките од договорот за исплата на под-транша од 2,8 милијарди евра за Грција. Со тендерот, автопатот Игнација ќе се даде под 35-годишна концесија. Автопатот Игнација е грчкиот дел од европскиот автопат E 90. Тој се протега од пристаништето Игуменица до грчко-турската граница во Кипои. Долг е вкупно 670 километри.