Министерството за заштита на животната средина на Грција, официјално издаде дозвола на три години за изградба на Трансјадранскиот гасовод (ТАП). Дозволата е издадена за компанијата „Трансјадрански гасовод АГ“ а предвидено е гасоводот да биде изграден во склад со плановите кои претходно ги има доставено компанијата.
Да потсетиме, ТАП ќе биде долг вкупно 878 километри и претставува дел од Јужниот гасен коридор во вкупна должина од 3.500 километри од азербејџанските гасни извори до Италија. Гасоводот ќе минува низ Грцијa, Албаниjа, и Јадранското море до Италија. Преку гасоводот, до пазарите во Европската Унија од 2020 година ќе се обезбедуваат 10 милијарди кубни метри гас годишно.