Директорот на македонската железница Ирфан Асани, кој отпатува во Атина по покана од грчкиот колега, постигна договор за реконструкција на пругата Битола – Кременица, во должина од 16 километри, која треба да почне оваа година и да заврши до крајот на 2015 година.
Директорот на грчката жележничка, Панајотис Теофанопулос ја потврди определбата станицата Кафкасос од грчката страна да биде заедничка гранична станица, како што е тоа Гевгелија на Коридорот 10. Тој изрази подготвеност грчките железници со сопствени средства да ја реконструираат станичната зграда и да ги изградат сите дополнителни потребни објекти за да може таа да функционира како гранична станица на највисоко ниво.
Грција ја поддржува Македонија за изградбата на Коридорот 8, особено за последната делница Крива Паланка – бугарска граница, како и за сите проекти финансирани преку ИПА-фондовите што се однесуваат за модернизација на Коридорот 10 и делот на проектирање и подготовка на техничката документација за Коридорот 8.