Според податоците презентирани на конференцијата Renewable Balkans која е одржана во Букурешт, Грција е прва од осумте земји на Балканот според инсталираните капацитети во обновливи извори на енергија, со вкупно 12 GW. Потоа следува Романија со 11, 2GW, пред Бугарија која има 5,2 GW. Хрватска има 3,6GW, Србија 3,1 GW, Албанија 2,5 GW, додека Босна и Херцеговина има 2,1 GW. На последното место се Македонија и Црна Гора со по 0,8 GW.
Вкупниот инсталиран капацитет на осумте земји, во однос на обновливите извори на енергија е 0,8GW. Ова е распоредено на следниот начин: 67% хидроцентрали, 18,8% ветер, 13,2% соларна енергија, 1% биогорива и друго.