Според програмата за финансиска помош на земјата, Грција даде 14 регионални грчки аеродроми на германскиот конзорциум „Фрапорт“.
„Фрапорт“ уплатиле 1,23 милијарди евра, а аеродромите ќе бидат под концесија во следните 40 години, во којшто период ќе се обезбедат уште 10 милијарди евра.
Од Европската комисија ја одобриле оваа спогодба, бидејќи истата не значи директна парична помош, а во исто време е транспарентна и е во согласност со пазарните услови.
Со овој договор се опфатени аеродромите во Солун, Миконос, Санторини, Родос, Крф, Закинтос, Кефалонија, Кос, Лезбос, Скијатос…