Насловна / Вести / Грција бара одобрение од ЕУ за државна помош за изграбда на две пумпно – акумулациони хидроцентрали со вкупна моќност од 680MW

Грција бара одобрение од ЕУ за државна помош за изграбда на две пумпно – акумулациони хидроцентрали со вкупна моќност од 680MW

GEK Terna гради две пумпно – акумулациони хидроцентрали во Амфилохиа во западна Грција.  Министерството за животна средина и енергетика на Грција поднесе барање до европската Комисија за дозвола за продлжување на специјалната државна помош за овој проект со вкупна инсталирана моќност од 680MW. Системот се состои од два производни блока и три акумулации. Проектот е избран како „проект на ЕУ од заеднички интерес“ под називот PCI 3.24. Тој исто така има статус на стратешка инвестиција во Грција.  Вкупниот акумулационен капацитет е седум милиони кубни метри. Постројката Agios Georgios има пет милиони метри кубни и ќе работи со четири реверзибилни Франсисови турбини со моќност од 460 MW, односно 496 MW во пумпниот режим. Постројката Pyrgos има акумулационен капацитет од два милиони кубни метри и две турбини со капаците од 220 MW односно 234 MW во пумпен режим. Инвестицијата чини 502 милиони евра, при што постоечкото вештачко езеро „Кастраки“ ќе се користи како заеднички долен резервоар. Годишната потрошувачка на енергија е проценета на 816 GWh (552 GWh +264 GWh). EBRD учествува со 57,5 милиони евра.

terna1

terna2

Испрати коментар

Scroll To Top