Аеродромите наведени во насловот на текстот се меѓу 194-те со кои управуваат 40 аеродромски оператори во 24 земји во Европа, се обврзаа дека до 2050 година ќе имаат нулта нето емисии на CO2. Резолуцијата е потпишана на 29-тиот Меѓународен годишен конгрес на Советот на аеродроми (ACI EUROPE) на Кипар – годишен собир на директори на аеродроми и претставници на авио-превозници од цела Европа.
Низ споменатите 194 аеродроми, минатата година бил реализиран 62,5% од европскиот воздушен патнички сообраќај. Пресметките покажуваа дека со обврската за нулта нето емисии на CO2 ќе бидат елиминирани вкупно 3,46 милиони тони емисии на годишно ниво. Предвидениот рок е ускладен со најновите докази на Меѓународниот панел за климатски промени (IPCC), и стратегијата за декарбонизација која е утврдена од страна на Европската комисија и усвоена од Советот на Европската Унија.
Michael Kerkloh, претседател на ACI EUROPE и извршен директор на аеродромот во Минхен, изјави дека 43 европски аеродроми веќе станале CO2 неутрални, во склоп на глобалната програма Airport Carbon Accreditation. Во соопштението се истакнува дека резолуцијата е отворена за нови потписници.