Насловна / Вести / Грчкиот стартап OET започнува со производство на флексибилни фотонапонски панели

Грчкиот стартап OET започнува со производство на флексибилни фотонапонски панели

Грчката компанија Organic Electronic Technologies (OET) во соработка со Лабораторијата за тенки филмови – нанобиоматеријали – наносистеми и нанометрологија (LTFN) од Aristotle University of Thessaloniki, спроведува проект за подготовка на производна технологија за тенки, лесни, флексибилни и полутранспарентни соларни панели во различни бои. За реализацијата на проектот добиени се средства од програмата Horizon на Европската унија, во висина од 21,2 милиони евра.

oet3

oet2

Станува збор за трета генерација на фотонапонски панели, добиени со користење на нанотехнологии. Hellenic Organic and Printed Electronic Association (HOPE-A) исто така учествува во проектот заедно со 14 индустриски и истражувачки институции од Грција, Франција, Германија, Унгарија, Литванија, Италија и Романија. Иновативната технологија е планирано да биде тестирана во згради, стакленици и електрични возила. Идејата зад развојот на ваков вид фотонапонски панели е вклопување на фотонапонската технологија во мобилни и цврсти конструкции.

oet1

 

Испрати коментар

Scroll To Top