Грчкиот остров Тилос, кој се наоѓа во близина на Родос и има околу 6000 жители, планира целосно да се потпре на обновливите извори на енергија. За тоа клучно е да се изгради хибридна станица за батериско складирање на енергијата, прва од таков вид во Грција.
Островот сега добива електрична енергија преку подморски кабел од термоцентралата на мазут на островот Кос. Насптори оваа постоечка состојба, проектот со исто име како островот TILOS (Technology Innovation for the Local Scale) чија цел е складирање на енергија и паметна мрежа, ќе овозможи островот да биде енергетски независен, а ќе користи исклучво енергија од сонцето и ветерот.