Еден од најубавите грчки острови – Санторини, веќе не може да го поднесе огромниот број на туристи, сметаат во Комитетот за транспорт на Европскиот парламент (TRAN Commitee). Максималниот број туристи на островот е достигнат во 2017 година, вкупно 5,5 милиони посетители, а во однос на 3,3 милиони во 2012 година, тоа е драматичен пораст од 66%. Во текот на 2018 година, на Санторини стигнале 474 крузери со околу 750.000 патници. Тоа значи дека само од крузерите околу 2000 луѓе на ден го посетуваат островот. За тоа колкава гужва прават туристите на овој мал остров, сведочи фактот дека во текот на 2017 година имало 107,8 туристи на 100 жители. Иако големиот број туристи носи десетици милиони евра на островот, сепак се создаваат цела серија проблеми за животната средина, недостаток на вода и енергија и сл. Најинтересно е што во последните неколку години туристите почнале да се жалат на гужвите и застојот во сообраќајот.
Европскиот парламент тврди дека одговорност за ситуацијата на Санторини има грчката влада, која морала да ја прилагоди фрекфенцијата на туристи со капацитетите на островот, и согласно тоа да одржува ред и да ги заштити жителите и природните добра.
Неусогласеноста помеѓу локалната самоуправа и министерството за туризам довела до сериозни проблеми, чија санација би можело да ја чини земјата повеќе отколку самите придобивки од туризмот.