Црквата уништена за време на терористичките напади на 11 септември во 2001 година, ќе биде комплетно готова во 2018 година.
Според проектот на архитектот Сантијаго Калатрава, грчката православна црква „Свети Никола“ на Менхетен ја доби својата купола како и привремен крст висок два метри.
Славниот архитект бил инспириран од Аја Софија и црквата Хора во Истанбул во проектирањето на новата црква во византиски стил, пишува ArchDaily.
Она по што оваа црква ќе се издвојува од останатите е куполата, која ќе биде обложена со транспарентен материјал што ќе овозможува максимално продирање на светлината, создавајќи ефект на илуминација.
Изградбата на оваа црква, која се наоѓа во близина на Oculus – уште едно дело на Калатрава, чинела 40 милиони долари а целата сума е собрана од донатори. Завршување на изградбата е предвидено за 2018 година.