Поглед кон море, сонце, базен, уживање под месечевата светлина и неодолив дизајн се дел од карактеристиките што ги поседува оваа грчка вила наречена „Melana“. Лоцирана е во еден од најмирните делови на Pera Melana во јужниот дел на Грција, а проектот е изработен од архитектите Valia Foufa и Panagiotis Papassotiriou.
Концептот на вилата се базира на три волумени кои се допираат еден со друг фoрмирајќи една целина. Двата задни волумени се во бела боја, додека волуменот што гледа кон морето е изработен од светлосив природен камен. Ентериерот е решен минималистички со светли бои на мебелот и ѕидовите.