Грчките власти соопштија дека сакаат да преговараат со Британија за да им се вратат прочуените древни скулптури кои го краселе храмот Партенон на Акропол во Атина.
Министерката за култура Лидија Кониордоу се обратила на своите колеги во Британија со барање да започнат формалните преговори за скулптурите, познати и како Елгинови мермерни скулптури и ги повикала Британците на состанок во Грција.
Томас Брус, седмиот гроф од Елгин со дозвола на Турците Османлии, овие скулптури ги однел во Британија 1806 година и ги продал на Британскиот музеј.
Од 1983 година, на иницијатива на тогашната министерка за култура Мелина Меркури, владата на Грција била посветена на враќање на скулптурите во земјата, но Британците одбивале тоа да го направат.