Ако синоним за одмор ви е оддалечена локација во природа, а притоа сакате да спиете во удобен кревет и да имате пристап до струја, вода и сето она што одморот ќе ви го направи полесен, тогаш ова резиденција е идеална за вас. Rocksplit House е резултат на соработката помеѓу младо семејство и искусното архитектонско студио Cometa. Ова семејство ги поставило насоките, а архитектите имале мошне креативна слобода.
Бидејќи куќата се наоѓа на грчкиот остров Кеа, и тоа на стрмен планински предел, проектот требало да биде направен да не го нарушува изгледот на животната средина, но, исто така, требало внимателно да се обрне внимание на начинот на градба која ќе ја гарантира стабилноста на објектот.
Од таа причина, за начин на изградба е избран традиционалниот метод kotounto. Резиденцијата е направена од камен, а ентериерот е направен од природни материјали како дрво.
Минималистичкиот стил преовладува и во ентериерот и во екстериерот, па додека екстериерот се вклопува во ридскиот пејзаж и речиси се спојува со него, ентериерот донесува лесни нијанси во бела боја, каде сите ќе се чувствуваат опуштено.