Насловна / Вести / Грчка православна црква во рамките на Светскиот трговски центар во Њујорк

Грчка православна црква во рамките на Светскиот трговски центар во Њујорк

grcka crkva vo wtc (3)

Познатиот шпански архитект Сантијаго Калатрава стои зад проектот на новата црква која ќе биде изградена во рамките на Светскиот трговски центар во Њујорк.
Во меморијалниот парк посветен на трагичните настани од 2001 година, кога се срушени кулите близначки, почна изградбата на црквата „Свети Никола“, чиј дизајн е инспириран од познатата Аја Софија и црквата Хора во Истанбул. Црквата ќе биде изградена на местото на поранешниот објект од 19 век, а кој е уништен од остатоците што паѓале од Светскиот трговски центар.

grcka crkva vo wtc
Конструктивниот дел на црквата ќе биде поплочен со мермер додека куполата и останатите ѕидови ќе бидат направени од транспарентен материјал кој ќе овозможи влегување на светлината, создавајќи ефект на илуминација.
Грчката православна црква бара донација од 20 милиони долари за реализација на овој проект.grcka crkva vo wtc (2)

Испрати коментар

Scroll To Top