Додека ги броиме грешките, пропуштените шанси, сомневањата за разноразни тендерски малверзации и провизии, и разочарувањата за бескрајните одолговлечувања на капиталните инфраструктурни проекти, заборавивме да ги афирмираме позитивните проекти, со кои може и да се гоордееме, како за изведба така и за добиениот квалитет.
Тоа се пред се магистралните патишта Штип – Кочани, Штип – Радовиш, а секако и неколкуте нови и реобновени магистрални делници кои се во завршна фаза на изведба.
Еден од „невидливите” проекти кои се во завршна фаза е и првата делница од автопатот Скопје – Блаце. Во јавноста се споменува само километражата – „ех голема работа 2 километра”.
Во јавноста не се споменуваат ни пропратните подготвителни и дополнителни позиции: двете петљи со 4 рампи и 2 кружни тека, новиот пат за с. Блаце, локалните патишта како и еден дел нов магистрален пат за Р.Косово, санација на свлечилишта кои се појавија при изведбата и заштитата на косините, за квалитетна изведба на еден извонредно тежок терен. Гранит и со горчливото искуство од делницата на автопатот Кичево- Охрид со сите катастрофални грешки: од проектирање, преку геологијата и што уште не, оваа прва делница ја изведува квалитетно.
Низ фото сесијата ви го прикажуваме обемот на делницата /пред граничниот премин со Р. Косово/, која се очекува да биде завршена до крајот на април 2024 год.
Следната година следуваат останатите 12 кмилометри со тунели и виадукти.
Изградба на Автопат А4 делница ГП „Блаце“- Скопје (клучка Стенковец) подделница 1
- Проектант Hill International IPF7 consortium
- Автопатот е со должина од 2,16 км, но вкупна должина со Пат за Блаце – 925 м, Рампа 1 – 440 м, Рампа 2 – 300 м, Пат за терминал – 250 м,
- Кружен тек 1 – 159 м, Пат за гробишта – 440 м, Рампа3 – 900 м, Рампа4 – 100 м, Магистрален пат – 1.030 м, Кружен тек 2 – 141м, изнесува 6,85 км.
- 1.230.000 м3 ископи основен договор + 650.000м3 промена на косини, 250.000м3 насипи, над 200.000м2 асфалт.
- Мрежи за заштита на косини: 120.000м2 три типа на мрежа – хексмат, менамаг и тодимензионална полимерна мрежа со хумузирање и 12.000м1 IBO анкери.
- Армиран насип 244 м1, 18м висина и 35 реда на габиони: ископ 38.000м3, насип 27.000 м3, ПЕТ геомрежа 94.000 м2, пасивни анкери 7.300 м1, торкрет 510 м3, габиони – панели 34.000 м2 и 3.000 м3 полнење со камен.
- Потпатник: 2.000 м3 бетон, 160.000кг арматура, 2.130 м2 хидроизолација.
- Одводнување: 3.500 м1 ободни канали, 5.800 м1 канали на берма, 2.400 м1 канализациски цевки, 2.000 м1 дренажни цевки, 45 шахти за канализациски цевки и 28 плитки шахти, 7 маслофаќачи,
- 15 пропусти (кутијасти и цевасти), 3.500м3 бетон, 300.000кг арматура, 6.000м2 хидроизолација, 140м1 цевасти пропусти.
- Сообраќајна сигнализација: 13.500 м1 одбојна ограда, 6.000 м1 жичана ограда, над 100 сообраќајни знаци и 20 поратали, 4.000 м2 хоризонтална сигнализација.
- Осветлување : 125 канделабри, 9.000 м1 кабли, 8 разводни ормари.