Градежното претпријатие „Гранит” од Скопје ја почна реконструкцијата на автопатската делница Неготино – Демир Капија.
Санацијата на 15,4 километри од овој дел на патниот коридор 10 ќе трае 18 месеци. Договорот со изведувачот вреден 305 милиони денари од државниот буџет (околу 5 милиони евра) беше склучен кон крајот на јуни, а тендерот беше распишан уште во февруари.
Реконструкцијата подразбира замена на асфалтот на оштетените делови од автопатот. Проектната документација е подготвена од фирмата „Геинг КуК интернешнл“.