Браната Grande Dixence Dam е бетонска гравитациска брана во кантонот Вале во Швајцарија. Со висина од 285 метри, таа е највисоката гравитациска брана во светот, петта највисока брана вкупно и највисока брана во Европа. Дел е од комплексот Cleuson-Dixence.
Нејзината изградба била многу комплицирана, бидејќи се наоѓа на врвот на планина од 2141 метри надморска височина. Изградбата почнала во 1950 година, а 3.000 работници ја завршиле во 1961 година, официјално почнала со работа 1965.
Акумулацијата прима вода од четири различни црпни станици: Z’Mutt, Stafel, Ferpècle и Arolla. Димензиите на Grande Dixence се неверојатни, 200 метри дебелина на ѕид во основа, должина 695 метри и височина 285 метри. За изградба на браната биле потребни шест милиони кубни метри бетон. Големиот базен има 400 милиони кубни метри вода, која се канализира во езерото преку тунели долги 100 километри.Тоа е највисокиот бетонски насип во светот, а езерото најголемо на Алпите над 2.000 метри висина.
Grande Dixence функционира како хидроелектрана со капацитет од 2069 MW, произведува приближно 2.000 GWh годишно, што е доволно за напојување на 400.000 швајцарски домаќинства. Grande Dixence настанува од текот на 35 леденици во околина на Zermatt и околните подрачја.
Локацијата нуди поглед многу атрактивен за туристите кои сакаат да се искачат на планина во Швајцарија. Браната е поврзана со жичарницата, а особено возбудливи за туристите се обиколките низ тунелите. Се нуди уште една интересна забава – секој може да преноќи во еден од тунелите, веднаш под браната . Романтичната природа, повеќе привлекува туристи на ова прекрасно место во зима, тогаш планините покриени со снег и браната изгледаат импресивно.
Изградбата на браната документирана е и во краткиот филм Opération béton , првиот филм кој го режирал Jean-Luc Godard .