VS-01 е грамофонот на CoolGeek што може да пушта плочи во исправена положба. Неговиот дизајн ја одразува едноставноста на нордискиот стил, додека сè уште им оддава почит на минатите епохи. На прв поглед неговото привлечно тело може да потсети на класична грамофонска труба.
Грамофонот има тивок јапонски NIDEC мотор со прилагодлива брзина за записи од 33 и 45 вртежи во минута, два вградени високотонци од пет вати и долен сабвуфер од 30 вати за засилување и подобрување на звучните бранови со ниска фреквенција. Покрај тоа, три абсорбери ги поништуваат сите вибрации и ги држат стабилни плочата и иглата во секое време додека слушате.
Со рачка од карбонски влакана, грамофонот исто така овозможува Bluetooth поврзување – може да се користити и као безжичен звучник за репродукција на музика од други уреди, као што се паметни телефони и компјутери или за стримовање звук на други системи.
Што се однесува до опциите за купување, VS-01 сè уште не е на продажба, но може да се нарача однапред на Kickstarter (почнувајќи од околу 550 евра). Првите пратки се очекуваат во март следната година.