Насловна / Вести / Граѓанскиот инспекциски совет ќе бара од институциите намалување на загадувањето на воздухот

Граѓанскиот инспекциски совет ќе бара од институциите намалување на загадувањето на воздухот

Граѓанскиот инспекциски совет (ГИС) ќе испрати јасни барања за справување со загадувањето до надлежните институции, локалната самоуправа, Државниот инспекторат за животна средина и инспекторите на локално ниво, Министерство за животна средина и Владата. За барањата кои ќе бидат испратени се разговараше и на јавна дебата на тема „Како да се намали загадувањето на воздухот“ каде присуствуваа граѓански активисти од ГИС и Алијансата „Разбистри сè“.

zaga

Од локалната самоуправа ќе се бара носење и спроведување на планови за квалитет на амбиентен воздух, со кои се утврдуваат краткорочни, среднорочни и долгорочни мерки за намалување на аерозагадувањето, носење и спроведување краткорочни Акциски планови за намалување на аерозагадувањето, обезбедување финансиски средства за спроведување на мерките, забрана за греење на домаќинствата со нафта, јаглен и други високозагадувачки горива, утврдување на загадувачите и изворите на загадување. Исто така, од локалните власти ќе се бара и изработка на регистар на загадувачи на локално ниво, изработка на инвентар на сите извори на загадување, обезбедување средства за акредитирани лаборатории за мерења и опрема, изработка и усвојување на урбанистички планови на транспаренетен и инклузивен начин, пошумување со соодветни дрвја како заштитна бариера и извор на кислород, изградба на велосипедски патеки и стимулирање алтернативен превоз, изработка на нови ЛЕАП-и и спроведување на постојните во соработка со граѓанскиот сектор, Зголемување на бројот и обука на инспекторите за животна средина, јавно објавување на извештаите од локалните инспектори и на прагот на информирање и алармирање.

zagaduvanje

Од Државниот инспекторат за животна средина и инспекторите на локално ниво ќе се бара координација на инспекторатите на државно, градско и општинско ниво, екипираност со стручни кадри, техничка опрема, пристап до акредитирани лаборатории и средства за вршење инспекциски надзор, меѓуинституционална координација за спроведување на акциските планови за аерозагадување, примена на стандардни оперативни процедури и листи за проверка при инспекцискиот надзор, заради поголема објективност и доверба, користење на Регистар на загадувачи како алатка при планирање инспекциски надзори, зголемување на бројот на вонредни надзори на индустриски капацитети со обезбедена акредитирана лабораторија и опрема, редовни контроли на градилиштата, правна помош за спроведување на инспекциските пријави, консултации со ГИС при изработка на годишните планови за инспекциски надзор на ДИЖС, Градскиот инспекторат и општинските инспектори, како и јавно објавување на сите инспекциски акти и јавност и соработка со граѓаните во работата на инспекторатите.

Она што Министерството за животна средина и просторно планирање ќе треба да го направи е редовно одржување и сервисирање на мерните инструменти во мерните станици  и континуирано мерење на загадувачките супстанци, воведување редовно мерење на концентрациите на тешки метали, полициклични ароматични јаглеводороди, бензен, прекурсорски супстанци на озонот и хемискиот состав на ПМ2,5, оспоспособување на Централната лабораторија при Министерството за мерење на разни загадувачки супстанци, за потребите на инспекторатите. Од МЖСПП ќе се бара и да се донесе Закон за инспекциски надзор во животната средина со предлозите на ГИС, Закон за контрола на индустриски емисии, Правилник за квалитет на горива, Правилник за начинот и мерките за превенција и спречување на загадувањето на амбиентниот воздух од објекти и инсталации за кои не е предвидено издавање интегрирани еколошки дозволи, измена на Правилникот за урбанистичко планирање, примена на Законот за урбано зеленило и Правилникот за урбано зеленило, изработка на Регистар на загадувачи со А и Б-интегрирани дозволи, како и со елаборати во соработка со локалните власти, но и ревизија на издадените А и Б-интегрирани дозволи, како и на елаборатите.

zagaduvanje od Kiro2

Барањето пак од Владата е да се изврши акредитација на државна лабораторија за квалитетот на горивата на Институтот за хемија при ПМФ, обезбедување реални финансиски средства за справување со аерозагадувањето, усогласување на закони поврзани со судски постапки за инспекциски надзори и изрекување санкции и обуки на правни служби, судии и обвинители за спроведување на закони за животна средина и инспекциски надзор.

За преземените мерки и проблеми на дебатата своите мислења ги кажаа градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, државната секретарка во Министерство за животна средина, Каја Шукова, советници избрани од граѓански иницијативи во повеќе македонски градови, градскиот инспектор Мирослав Богдановски, како и претставници од општините Куманово, Гостивар, Струмица, Тетово и Кавадарци.

Испрати коментар

Scroll To Top