Насловна / Архитектура / Граѓаните на Мексико Сити му кажаа одважно НЕ на новиот аеродром

Граѓаните на Мексико Сити му кажаа одважно НЕ на новиот аеродром

Пред неколку месеци објавивме текст „За иднината на аеродромот во Мексико на Фостер ќе се одлучува на референдум“. Овие денови се случи референдумот на кој граѓаните на Мексико Сити одлучуваа за иднината на грандиозниот проект на Foster + Partners во нивниот град. И граѓаните му кажаа одважно НЕ на новиот аеродром.

мек1
Несудениот аеродром требаше да чини 13.6 милијарди долари, но откако се искомпликуваа работите претседателот на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор го опиша како „дупка без дно“. Од другастрана гасењето на проектот граѓаните ќе ги чини „само“ 5 милијарди долари.
Претседателот Лопез Обрадор изјави дека резултатот на гласањто претставува „тријумф на еколошкото движење“.
На прашањето дали сметаат дека градењето на аеродромот треба да продолжи, дури 70% од гласачите заокружија „Не“. Се претпоставува дека задушувањето кое го следи сегашниот аеродром во Мексико Сити делумно ќе се реши со негово проширување, а дел од сообраќајот ќе се префрли на воениот аеродром кој е во непосредна близина.
Оригиналниот проект на аеродромот кој го потпишува бирото Foster + Partners беше прилагоден на потребите на големиот број корисници, односно 68 милини патници годишно, предвидено беше да се полетува од три писти. Првата фаза на проектот подразбираше изградба на главниот терминал. Работите започнати 2015, а требаше да бидат завршени до 2020 година. Наредната фаза подразбираше изградба на уште два терминала.

мек2
Референдумот предизвика негодување кај најмоќните деловни луѓе во Мексико, милијардерот Карлос Слим изјави дека „укинивањето на проектот ќе доведе до укинување на економскиот развиток на земјата“.
Ова покажува дека за да се заштитат интересеите на граѓаните, а не само бизнис интересите, неопходно е државата да застан позади своите граѓани и заедно да се дојде до одржливо решение кое ќе служи на сите.

Испрати коментар

Scroll To Top