Граѓаните на Србија во саботата ги блокираа патиштата кај Бачка Паланка, Белград, Јагодина, Крагуевац, Нови Сад, Шабац, Чачак, Ваљево. На неколку локации дошло и до мали инциденти, како на пример во Нови Сад и Шабац.
Меѓу организаторите на блокадите се организациите Сојуз на еколошките организации на Србија (Савез еколошких организација Србије – СЕОС), кој обединува повеќе здруженија нa граѓани, како и кампањата „Крени-промени“. Овие организации и во текот на претходната недела организираа протести, на кои бараа да не се узвојуваат законите за експропријација и референдум, и тогаш порачаа дека доколку нивните барања не се усвојат, ќе организираат блокада на патиштата. Тоа и го направија во саботата, со најава дека следната блокада на патиштата ќе биде организирана на 4-ти декември.