Насловна / Вести / Граѓаните излегоа на протестен марш за чист воздух

Граѓаните излегоа на протестен марш за чист воздух

Голем број граѓани денес маршираа од Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Собранието, па се до Владата и бараа чист воздух. Под слоганот „Марш за чист воздух# Зелена револуција“ иницијативата  Fridays for future заедно со поддршката од неколку други граѓански здруженија маршираа низ центарот на Скопје и од Владата побараа исполнување на над 200 барања кои ги имаат. На маршот се приклучија и граѓански организации од останатите градови од Македонија.

IMG_20191129_183215

Учесниците на маршот извикуваа „Здравјето пред профитот“, а во колоната можеа да се забележат транспаренти „Животот пластичен не е фантастичен“, „Јас знам, ќе го спасам својот дом“, „Нема воздух, нема мир“.

IMG_20191129_183542

Активистите порачаа дека книгата со барања ќе им биде врачена на функционерите, за како што рекоа, да имаат што да читаат за викенд.

Од Владата пак велат дека имаат разбирање на загриженоста на луѓето од загаденоста на воздухот. Оттаму уверуваат дека внимателно ќе ги слушнат и прифатат сите аргументирани сугестии на граѓанските организации вклучени во „Марш за чист воздух“, при што упатија отворена покана за средба во Влада во понеделник, на 2 декември.

IMG_20191129_183323

IMG_20191129_183446

IMG_20191129_183516

IMG_20191129_183640

IMG_20191129_183807

IMG_20191129_183846

IMG_20191129_183933

IMG_20191129_184041

IMG_20191129_184110

Фото: КИРО ПОПОВ

Испрати коментар

Scroll To Top