Насловна / Вести / Градско греење од ладна вода

Градско греење од ладна вода

Norways-Drammen-Water-District-Heat-Pump-Building

Жителите на Драмен во Норвешка, најголем дел од топлината за греење на куќите, канцелариите и фабриките ја добива од водите на локалниот фјорд. Годишната просечна температура на овие води е 8°C,  што е прилично екстремно дури и за искусните пливачи во ладна вода. Меѓутоа, регионалната компанија задолжена за греење, со поддршка од градските власти, изгради систем кој ги задоволува потребите за греење на населението и компаниите во Драмен.

Топлинските пумпи не се никаква новост, но денес технологијата има сериозен напредок во однос на првите прототипи од овој концепт. Стотици илјади топлински пумпи се продаваат секоја година ширум Европа, но тоа главно се мали системи за индивидуални домаќинства.

Toplinska pumpa
До 2009 година популацијата на овој град забележала толкав раст, така што постоечкиот конвенционален систем за греење веќе не бил во можност да одговори на потребите. Во истражувањето на начини како да се прошират капацитетите, челниците на градската топлана сфатиле дека температурата на водата од фјордот е идеална како топлински извор (давач) за топлинска пумпа. До 2011 година извршени се сите подготвителни работи и избрана е шкотската компанија Star Renewable energy за изведувач на работите. Оттогаш топлинските пумпи обезбедуваат 85% од потребната топлинска енергија за градот Драмен. На овој начин се обезбедува годишна заштеда од околу два милиони евра, а се спречува емисија на 1,5 милиони тони јаглерод диоксид во атмосферата.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top