Тим научници од техничкиот универзитет во Минхен, врз основа на примероци, го следеле растот на 1.383 дрвја во последните 150 години. Она што го откриле е дека градските дрвја генерално „ја добиваат битката“, без оглед на тоа во кој крај на светот тоа расте. Според тоа, ако се гледа во целина, стапката на раст на урбаните и руралните дрвја не се зголемувала значајно уште од шеесетите години на минатиот век. Сепак, научниците утврдиле дека градските дрвја растеле за околу 25% побрзо од оние во рурална средина.
Научниците тврдат дека ова појава се должи на феноменот на „урбан остров на топлина“ кој се појавува во градовите, односно повисока темпаратура на воздухот поради урбанизацијата и асфалтот, при што се потоплите градови влијаат на растот на дрвјата.
Комплетните резултати од истражувањето се објавени со списанието Scientific Reports.