Се реконструира стадионот на ФК Брегалница во Штип и дел од стадионот со вештачка трева во Бело Брдо. На градскиот стадион, се поставуваат осум, 20-метарски рефлектори, кои се дел од обврските на Фудбалската федерација на Македонија. Освен ова, ФФМ заврши и со обновата, односно дренажата на теренот, а своето наскоро треба да го реализира и општината:
– Како обврска општината има конструкција на посебно напојување со електрична енергија, коешто веќе е завршено од наша страна. Следи распишување на тендерска постапка за уредување на трибините, а потоа и обнова на соблекувалните – кажа Драган Ристов, Советник за осноси со јавност ЛС Штип.
Во првата фаза, беше комплетно уреден самиот терен со нова дренажа која е согласно сите фудбалски и градежни стандарди. Новата дренажа обезбедува и висок квалиет на самиот терен за фудбал. Теренот и рефлекторите беа обврска на ФФМ а понатаму следат активности на локалната самоуправа. Веќе се изготвува проект за покривање на источната и западната трибина, со што стадионот за прв пат по неколку децении ќе добие соодветен изглед и е биде адаптиран за фудбалски натпреври согласнос тандардите на УЕФА и ФИФА.
– Проектот се изготвува, имаме нацрт за тоа како би изгледале покриените трибини, ќе следи комплетирање на документацијата и соодветни 3D модели на трибините. Се прибираат и понуди и засега сумите се во рамките на она што локалната самоуправа го има предвидено како ставка во буџетот за обнова на стадионот – додаде Ристов.
Со поставувањето на рефлекторите, на градскиот стадион во Штип ќе можат да с еиграат о вечерни натпревари што до сега не беше можно.
Реконструкцијата на градскиот стадион ќе чини околу половина милион евра кои заеднички ги издвојуваат општината и ФФМ. Ако се оди според планираното, ФК Брегалница на својот терен ќе се врати за околу шест месеци.
Во меѓувреме, се реконстуираат и соблекувалните на стадионот Бело Брдо во населбата Блок 2000. Комплетно се реконструира старата градба која беше пред рушење. Поставен е нов кров, нови ПВЦ прозори и врати, подготвена е инфраструктура во новите купатила кои ќе добијат тушеви а со самото тоа теренот ќе биде погоден за оддржување на средби.