Насловна / Вести / Градскиот совет на Париз го отфрли проектот за изградба на кулата „Триагoлник“

Градскиот совет на Париз го отфрли проектот за изградба на кулата „Триагoлник“

pariz triangl

Советот на градот Париз со 83 гласови против и 78 за го отфрли проектот за изградба на кулата „Триаголник“, но истовремено извршната власт на француската престолнина го оспори гласањето.

Градоначалничката на Париз изјави дека „гласањето е неважечко“ под изговор дека претставниците на опозицијата ги покажале нивните гласачки ливчиња, со оглед на тоа што гласањето беше тајно. Сега за гласањето ќе треба да се изјасни Управниот суд.

Првата противничка на проектот Натали Косциуско-Моризе не го криеше задоволсвото по денешното гласање, со што барем засега се запира реализацијата на проектот „Триаголник“.

„Триаголник“ е кула која е предвдиено да се гради на саемот во Париз (Парк д’експозисион). Кулата замислена од архитектите Жак Херцог и Пјер Мерон, треба да биде висока 180 метри, со 42 ката, наменета за деловен простор. Нејзината изградба требаше да започне во текот на оваа година и да биде завршена во 2016-2017 година.

Испрати коментар

Scroll To Top