Насловна / Вести / Се продава градскиот базен во Штип

Се продава градскиот базен во Штип

Почна постапката за изградба на Спортско рекреативниот центар Брегалница во Штип. Станува збор за објект кој ќе биде лоциран во близина на местото на сегашниот градски базен во Штип. Откако општината го смени деталниот урбанистичкиот план, вториот чекор е продажба на градскиот базен чија површина изнесува 1250 м/2:

– Градскиот базен е проценет на 4,9 милиони денари, од страна на овластен проценител. Ова ќе биде почетна цена за јавно наддавање, односно 1080 денари за м/2 – објасни Соња Китанова, раководител на одделението за комуналнид дејности.

bazenstip

По продажбата на базенот, купувачот мора да исполни неколку обврски.Најповолниот понудувач со кој ќе се склучи договор, има обврска во рок од еден месец од склучувањето на договорот, да го купи земјиштето на кое ќе биде реализиран урбанистичкиот план, со површина од скоро 15.000 метри квадратни со почетна цена од 1.080 денари по метар квадратен.

Проектот за изградба на СРЦ Брегалница е веќе изработен. Истиот е финансиран од „Гис Ред“ програмата и чинеше 2,7 милиони денари. Според него, треба да биде изграден модерен спа центар, затворен базен и други содржини.

Целта на општината е да се искористи топлата вода од бањата Кежовица и Штип да добие модерен рекреативен центар:

– Имаме топла, природна вода и штета е истата да не се искористи за спа центар или за ваков тип на спортско-рекреативен центар. Тоа е идеално за затворен базен или друг вид на објект од ваков карактер и ние ќе се обидеме да донесеме вода до локацијата – вели градоначалникот на Штип, Илчо Захариев.bazenstip (4)

Една од причините заради која се продава објектот е ниската закупна цена која се постигнува за време на летниот период од само 1000 евра. Освен ова, и самиот базен, вклучително и пратечките објекти се стари и дотраени, па потребно е да се направат модерни објекти за целата оваа зона да биде обновена и реконструирана.bazenstip (5)


Испрати коментар

Scroll To Top