Насловна / Вести / „Градски енергетски системи“ – ново скопско Јавно претпријатие, но и акционерско друштво

„Градски енергетски системи“ – ново скопско Јавно претпријатие, но и акционерско друштво

„Градски енергетски системи АД Скопје“ е ново формирано Јавно претпријатие кое е основано од Советот на град Скопје, а кое ќе врши енергетски дејности.
“Советот на Град Скопје во својство на Собрание на акционери го усвои Статутот на Акционерското друштво за енергетски дејности и ги избра членовите на Надзорниот одбор на новото јавно претпријатие кои понатаму ќе изберат Управен одбор од пет члена. Ова акционерско друштво за подрачјето на Град Скопје ќе врши снабдување на природен гас и топлинска енергија, како дејности од јавен интерес од локално значење“, соопштуваат од Град Скопје.

2
Од таму додаваат дека со преземањето на топловодната мрежа почнува да се имплементира процесот на гасификација на градот, во кој граѓаните на Скопје во претстојната грејна сезона ќе можат да почнат да ги користат услугите на новото јавно претпријатие.
Против одлуката за формирање на ова Јавно претпријатие се од политичката партија Левица. На нивниот Фејзбук профил тие истакнаа зошто на седницата на Советот барале оваа точка на дневен ред да биде симната. “Основниот проблем е со формата на субјектот кој се планира да се основа – АД, наместо јавно претпријатие. Но, така налагал Законот за енергетика. Не е можно, нели, да се иницира измена на закон со одлагање на одлуката за сега? Но, да прејдеме на суштината. Во членот три од Одлуката и членот девет од Статутот на Акционерското друштво стои дека ова правно лице кое ќе го основа Град Скопје има право самото да основа нови субјекти врз кои никаква надлежност или влијание ќе нема Градот. Дали тоа ви звучи во ред? Кои се квалификациите на лицата веќе назначени во надзорниот одбор и каква е оправданоста за нивното назначување? Дали се членови на партии? Зошто немаме нивни биографии? Дали има судски спор околу гасоводот? Ако е вистина, со која цел се основа сега Акционерско друштво ако не може да профункционира имајќи предвид дека тој спор може да тече со години? Дали иако тече спорот, а субјектот де факто не функционира, овие лица сепак ќе си бидат платени?“, стои во реакцијата на Левица објавена на Фејзбук.

сил

Еден коментар

  1. СИТЕ вакви наТписи врзани за греењето ги читам, и гледам дека попрво ќе не` прими ЕУ и АУ и сите У-ња, ама нема да научам зошто ми поскапе парното за мај, за 100 денари а не користам парно. Нека поскапе и 200% со апаши нема да работам. Ќе се грејам на струја и на ѓубре ама на никој што ми личи дека краде НЕМА да му бидам партнер. НАЈЧИСТ рекет во Европа. Не измерено а се плаќа? – Абе тоа ни интернет не може така, се мери со бајти, не па греење кое де факто не го добиваш а го плаќаш – апашаана БОЖЈА. И сакаат во ЕУ сироти. Биле ли таму да видат дека и кога се краде таму – се краде поштено. Немаш чувство дека те крадат. Во МК премногу апла бре. Народ протестира, а тие името па името. Еу па Еу. Сиротопиталиште мизерно сме.

Испрати коментар

Scroll To Top