Привршуваат подготовките за утврдување на конечната локација за изградба на марина во Охрид, пишува порталот Ohridpress. За изградба на овој долгонајавуван објект засега се споменуваат две опции. Една е локацијата во централното градско подрачје кај старото градско пристаниште, а втората е во околината на каналот Студенчишта, за која претходно треба да се реализираат и некои предуслови.
Се преговара со Министерството за внатрешни работи и со Министерството за одбрана околу можноста за дислокација на нивните објекти лоцирани кај каналот Студенчишта.
Изградбата на овој исклучително важен проект финансиски ќе биде со средства од буџетот на Република Македонија.