Насловна / Вести / Градовите во Хрватска ќе добијат 33.000 нови садници дрвја

Градовите во Хрватска ќе добијат 33.000 нови садници дрвја

Хрватскиот „Фонд за заштита на животната средина и енергетска ефикасност“ најави дека во озеленувањето на градовите во оваа држава ќе инвестира 11 милиони евра преку 46 проекти со кои ќе се кофинансираат активности за адаптација на климатските промени. „Нашата цел е да вложување во урбаната зелена инфраструктура, која ќе помогне во ублажувањето и адаптацијата на се поизразените климатски промени, но воедно сакаме и да им овозможиме на граѓаните поквалитетен живот. Заинтересираноста на градовите и општините за вклучување во овие проекти и голема, па ќе настојуваме и во иднина да го продолжиме кофинансирањето“, вели директорот на Фондот.

fond1

fond2

Најголем дел од споменатите одобрени проекти се однесува на озленување на градските и приградските подрачја, па предвидено е засадување на околу 33.000 садници дрвја. Во Фондот истакнуваат дека таквите иницијативи се предвидени со европскиот „Зелен договор“ (Green Deal), односно со Стратегијата за биодиверзитет, која до 2030 година предвидува засадување на 3 милијарди стебла ширум Европската унија.

fond3

 

Испрати коментар

Scroll To Top