Две еколошки организации, CDP и AECOM ги споредувале податоците од 308 градови на Земјата за да проценат кои метрополи се најзависни од фосилните горива. Нивниот извештај покажа дека градовите во Европа и Јужна Америка се најмалку зависни од фосилните горива. Во Јужна Америка просечно 76% од енергијата потекнува од обновливи извори, додека во Европа 59%. Градовите во Азија добиваат само 15 % од енергијата од обновливи извори.
Но резултатите варираат. Варшава е 81% зависна од јагленот, додека Осло дури 98% од енергијата добива од хидроцентрали. Енергетскиот сектор емитува највеќе CO2, односно 12,6 Gt CO2 годишно, што е двојно повеќе од глобалната годишна емисија на автомобилите. Нема податоци за градови од нашиот регион кои учествувале во ова истражување.