Насловна / Вести / Градови со најразвиен систем на јавен превоз во светот

Градови со најразвиен систем на јавен превоз во светот

Во продолжение Ви ги претатавуваме градовите со најразвиен но и најдостапен јавен превоз, и тоа не само од аспект на жителите туку првенствено од аспект на туристите кои го посетуваат градот.

Токио

Мапата на метрото во токио, на прв поглед изгледа неверојатно комплексно, особено затоа што со возилата управуваат повеќе компании. Но, и покрај тоа кога ќе купите една возна карта можете да ја користите во било кое возило без разлика на компанијата која стопанисува. Исто така, знаците на англиски јазик се наоѓаат речиси на секој чекор, а мрежата е толку разгранета што со метро или автобус може да се стигне буквално до секоја локација во оваа метропола за минимално време.

tokyo1

Монтреал

Помеѓу линиите на подземната железница и широката мрежа на автобуски линии, јавниот превоз во Монтреал ќе ве доведе до било кое место без многу компликации. Нивната веб страница има добра листа на главни ореиентири за посетителите, заедно со најблиската станица на подземната железница и автобуски превоз.
montreal

Москва

Од мозаици и витражи, до кристални лустери и бронзени скулптури, се исполнети со уметнички дела, а некои се толку впечатливи што се организирани специјални тури за посета нa туристите. Сите овие станици се дел од лесно достапна и функционална мрежа на метро линиите кои се во континуирана експанзија.

Komsomolskaya subway station in Moscow

Сиднеј

Опфаќајќи возови, автобуси, трамваи и траекти, системот на јавен превоз во Сиднеј нуди сигурен и ефтин начин на обиколка на градот за секој турист. Паметната возна карта Opal, нуди попусти а може да се користи во сите видови на јавен транспорт.

sidney

Цирих

Како што и може да се очекува во држава која има репутација на чистота, ред и ефикасност, мрежата на јавниот превоз во Цирих, која вклучува возови, автобуси и трамваи е навистина вррво организирана. Во центарот на градот ретко може да се најде точка која е оддалечена над 300 метри од постојка на автобус или трамвај. Затоа, според неодамнешната студија нa Greenpeace,  над 40% од сите патувања во градот се вршат со јавниот превоз. Кога станува збор за цените, за шварцарскиоте стандарди тие се многу поволни.

zurich

Испрати коментар

Scroll To Top