Магазинот Time Out ја претстави листата која опфаќа 19 градови со најдобар јавен превоз. Листата ја предводи Берлин, чиј јавен превоз е опишан како доверлив, удобен и сигурен. Дури 97% од испитаниците се воодушевени од сообраќајната мрежа на градот, а метрото има дури 175 станици на девет линии кои се едноставни за навигација. Берлин поседува и S-Bahn, односно градско – приградски железнички систем кој ги поврзува предградијата со центарот. На второто место е Прага, а 96% од жителите сметаат дека нивниот град е едноставно да се прошета со помош на јавниот превоз. На третото место е Токио, за чиј јавен превоз се истакнува дека е лесен за користење, дури и за оние кои не знаат јапонски. Комплетната листа од 19-те градови е следна: 1. Берлин; 2. Прага; 3. Токио; 4. Копенхаген; 5. Стокхолм; 6. Сингапур; 7. Хонг Конг; 8. Тајпеј; 9. Шангај; 10. Амстердам; 11. Лондон; 12. Мадрид; 13. Единбург; 14. Париз; 15. Њујорк; 16. Монтреал; 17. Чикаго; 18. Пекинг; 19. Мумбаи.