Насловна / Архитектура / Градови – шуми: Радикален план на архитектот Боери за спас од загадувањето на воздухот

Градови – шуми: Радикален план на архитектот Боери за спас од загадувањето на воздухот

Италијанскиот архитект Стефано Боери, познат по проектот „Верикална шума“ во Милано (две кули помеѓу кои се наоѓаат над 1000 стебла) го претстави својот план за сличен проект во источниот кинески град Нанјинг.129

Кога Боери ја замислува иднината на урбана Кина гледа полно зеленило, овозможувајќи и на тој начин на оваа земја трошка свеж воздух во облаците смог. Комплексот ќе се состои од две кули прекриени со 23 различни видови дрвја и над 2500 грмушки. Во тој комплекс ќе бидат сместени деловни простории, луксузен хотел со 247 соби и школа за пејзажна архитектура. Но, Боери има план во Кина да создаде „градови – шуми“.

„Ме замолија да проектирам град во кој нема сите згради да бидат облакодери туку ќе се состои од 100 или 200 згради со различна големина опкружени со дрвја и растенија на самите фасади. Многу сериозно работам со мојот тим на остварување на оваа идеја, и најверојатно до 2020 г. ќе го видиме првиот зелен град во Кина“, вели Боери за Guardian.3

Се разбира, овој концепт е само капка во море во придонесот за почист воздух, но авторот се надева дека со негово реплицирање може да се постигне видлив напредок.

 

 

Еден коментар

  1. Се е супер во врска со свеста за еколошките проблемите со кои се соочува човештвото во денешното време, но проектите како овој не се ништо повеке од потрага по слава и лечење комплекси. Земјината топка е доволно голема да има простор да се озеленат површините на природен начин, како и самите растенија да се развиваат и одржуваат во нормални услови.

Испрати коментар

Scroll To Top