Насловна / Архитектура / Градови од дрво – решение за намалување на емисиите на CO2

Градови од дрво – решение за намалување на емисиите на CO2

Изградбата на нови станбени објекти од дрво може да заштеди околу 10% од јаглеродниот капацитет потребен за забавување на глобалното затоплување за 2 Целзиусови степени на секои 5 години. Според студијта на Институтот за климатски влијанија во Потсдам (ПИК), за пресвртот на градежните практики за таквата промена ќе бидат потребни 149 милиони хектари нови дрвени насади и значително зголемување на сечата од природните шуми – без да се зазема обработливото земјиште.

3

Доколку 90% од растечкото урбано население во светот би се сместило во висококатници од дрво би можело да се спречат дури 106 милијарди тони емисии на јаглерод до 2100 година. „Повеќе од половина од светското население моментално живее во градовите и до 2100 година, бројот значително ќе се зголемува. Ова значи дека повеќе домови ќе бидат изградени со челик и бетон, од кои повеќето имаат сериозен јаглероден отпечаток. Но, ние имаме алтернатива. Можеме да го сместиме новото урбано население во згради со средна висина – од четири до 12 ката – направени од дрво, велат од Институтот за климатски влијанија.

Студијата, објавена во Nature Communications, е прва од ваков тип, и се осврнува на можното намалување на обемот на емисиите од јаглерод поради транзитивноста на градежните практики од урбанизам во широки потези кон „градови од дрво“. Според нив, дрвото има најмал јаглероден отпечаток од кој било градежен материјал, бидејќи јаглерод диоксидот што се апсорбира за време на растот на дрвото нема да се испушта додека дрвото конечно не се уништи.

2

Александар Поп, коавтор на студијата, напоменува дека спречувањето на сечата на дрва во недопрените шуми и заштитените подрачја е од клучно значење за нивните пресметки. „Чинот на подигање на нови насади по цена на сечата на други незаштитени области може дополнително да ја зголеми идната загуба на биолошкиот диверзитет“, рече тој. Екологистите, сепак, посочуваат дека светските дрвени насади од 131 милиони хектари имаат помала биолошка разновидност од природните шуми и полесно горат, поради тоа „ужасна е идејата“ да се исечат природните шуми и да се заменат со плански дрвени насади. Тоа би било катастрофа за природата и за климата“, бидејќи, шумите се поотпорни на суша, пожари и болести и се многу побезбедни складишта на јаглерод од плантажите со дрвја.

Во исто време, загубата на дивиот свет, е ненадоместлива поради тоа мора да се движиме во насока на внимателно планирање и менаџирање со ресурсите, се со цел да се ублажат можните последици врз постоечките екосистеми. Американската архитектура, пак додека се уште го претпочита, дрвото како градежен материјал , поради опасност од интензивирање на пожарите се почесто се доведуваат во прашање практиката на градење со запаливи материјали. Од канцеларијата на ОН за намалување на ризикот од непогоди во Женева, велат: „Дрвото има свои придобивки, но сепак, она што е најважно во одредувањето на ризикот од пожари, клучна е типологијата на станбената урбана структура, и нејзината местоположба.

Во моментов, годишно се сечат околу 15 милијарди дрвја на глобално ниво. Се смета дека популацијата на дрвјата на планетата е речиси преполовена од почетокот на постоењето на човековата цивилизација.

4

Испрати коментар

Scroll To Top