Градот Охрид ќе добие нов театар кој ќе биде современ, еден од најраскошните и луксузни тетарски простори во кој ќе се негува уметноста, враќајќи го духот на културата.
Во текот на оваа недела, ресорното министерство ќе објави конкурс преку кој ќе се бара идејно решение за изградба на театарот на местото на постојниот Центар за култура.
Со оглед на тоа што се работи за заштитено подрачје во строгиот центар на градот, во конкурсот ќе биде објавена планската документација и изготвениот елаборат од страна на охридскиот Завод и музеј. Останува отворена опцијата на оваа атрактивна локација да се изгради и хотелско-угостителски објект.
Откако ќе се избере идејното решение, ќе се започне со изработка на проектот за изградба на театарот.