Градските власти ќе менуваат фасади и во Кисела Вода, и тоа на булеварот „Борис Трајковски“(„Првомајска“), пишува „Утрински“.
На колку и на кои објекти, нема официјална информација, а не е познато ни дали и тие ќе бидат во стилот на „Скопје 2014“, како фасадите на зградите во Центар што ги менува Градот на своја сметка. Некои од објектите освен што ќе се рефасадираат, ќе бидат и надградени. Истото е планирано и за неколку згради на „Теодосиј Гологанов“.
a zosto da ne i vo kisela voda? da ne se tie pomalku gragani od centarci?