Насловна / Вести / Градот бара идејно решение за Луна паркот во Скопје

Градот бара идејно решение за Луна паркот во Скопје

luna park skopje

Градот Скопје објави Конкурс за избор на идејно решение за изведба на новиот забавен парк во Градски парк. Замислениот проект ќе се подигне на местото на постоечкиот Луна парк, за кој градската власт безуспешно се обидуваше да пронајде приватен партнер за неговата изградба уште од 2011 година. Градот Скопје се одлучи од сопствениот буџет да издвои финансиски средства за оваа намена во висина од седум милиони евра. Како прва етапа од целокупниот проект, градските власти ќе се обидат да изберат архитектонски труд што ќе го определи изгледот на Забавниот парк.

Идејните решение на учесниците треба да се достават до Градот Скопје најдоцна до 23 февруари 2015 година. Замислениот Забавен парк во главниот online casino град е планирано да се простира на површина од 40.000 метри квадратни.

Архитектите кои ќе учествуваат на распишаниот Конкурс треба да достават идејни решенија што ќе задоволат четири основни критериуми: изводливост и одржливост, инвентивност во пристапот на обликување, економичност на решението и целосно почитување на програмските барања. На авторот на најуспешниот авторски труд ќе му се додели прва награда во нето износ од 200.000 денари, втората награда од архитектонскиот Конкурс изнесува 100.000 денари, додека третата наградата ќе се вреднува со 80.000 денари.

Испрати коментар

Scroll To Top