Градинките „Орце Николов“ во Карпош 2 и „Мајски цвет“ во Тафталиџе 2 ќе добијат прочистувачи за воздух, кои ќе ги користат на неопределено време.
Ваквата одлука беше донесена на седница на Советот на Општина Карпош, а на предлог на градоначалникот Стефан Богоев.
„Локалната самоуправа ќе им отстапи три јонизатори (прочистувачи на воздухот), на две претшколски установи кои функционираат на територија на општината. Клонот на градинката ‘Орце Николов’ во Карпош 2 ќе добие еден, а клонот на градинката ‘Мајски цвет’ во Тафталиџе 2 ќе добие два јонизатори за воздух, кои ќе ги користат на неопределено време“, соопшти Општината.