По успешното спроведување на програмата Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем, ЈОУДГ „Гоце Делчев” по вторпат е добитник на највисокото признание „Зелено знаме” и се стекна со статусот ЕКО- градинка, од вкупно четири градинки од Република Македонија
Квалитетната воспитно-образовна работа која се одвива во градинката и посветеноста на воспитно-згрижувачкиот кадар за реализација на содржините на полето на еколошката едукација на децата во градинката, резултираа со стекнување на нови знаења и вештини кај децата од предучилишна возраст.
Сето тоа придонесе детската градинка да се здобие со највисоко признание „Зелено знаме“.