Насловна / Вести / Градинката „13 Ноември“ се реконструира во современ и еколошки објект

Градинката „13 Ноември“ се реконструира во современ и еколошки објект

Gradinka-13-ti-noemvri-(5)

Општина Центар, по 64 години, ја реконструира и проширува градинката „13 Ноември“. Децата од средината на септември ќе престојуваат во многу подобри услови.

Од стариот, руиниран објект останаа само ѕидовите. Се’ друго е комплетно ново и квалитетно изработено.

Реконструирани се канцелариите, занималните, ходниците, санитариите, кујната, целосно е обновен подрумскиот простор. Градинката ќе има нови нелизгачки плочки, прозорци, грејни тела и нови, изолациски подови.Gradinka-13-ti-noemvri-(2)

Според стандардите за производство и пласман на храна, се гради лифт за храна, конечно се решава огромниот проблем со влагата, која имаше штетни последици врз здравјето на децата и вработените, како и со руинираниот паркет и ламинат.

Отпадните фекални води од објектот, со новопроектираната инсталација, се дистрибуираат со постечкиот приклучок до градската канализациона мрежа.Gradinka-13-ti-noemvri-(1)

Градинката „13 Ноември“ сега ќе биде современ, енергетски-ефикасен објект, а реконструкцијата и градењето се изведува со најквалитетни еколошки материјали. И оваа реконструкција е дел од амбициозниот проект на општина Центар, „Работно лето 2015“.

Испрати коментар

Scroll To Top